Поштар во Гостивар украл три пензии

од Aleksandar Petrovski

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.И.(59) од с.Лакавица, гостиварско, вработен како поштар во Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „проневера во службата“. Во декември 2019 пријавениот лично самиот потпишал налози за исплата на пензии за декември 2019 година, со што извршил фалсификување на потпис на платните инструменти – налог за исплата на готовина ПП-40 на три лица и притоа постапил спротивно на точка 66 од Упатството за вршење на платен промет во земјата. Со ваквото дејствие, пријавениот присвоил пари кои му биле доверени во службата и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 31.841 денари, на штета на С.С., Ф.Ќ., двајцата од с.Беловиште, гостиварско, и И.Р. од с.Лакавица, гостиварско.

Слични содржини