Посилен земјотрес во Јадранот, со денови се тресе под морето

од Stefanija Kuzmanovska

Утрово на Јадранот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европската медитеранска сеизмолошка служба (ЕМСЦ).

Земјотресот е регистриран утрово во 8.35 часот, објавија хрватските медиуми.

Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 110 километри јужно од Сплит и 57 километри јужно од Вис.

Земјотресот беше почувствуван во Хрватска и Италија.

Два нови земјотреси беа регистрирани на Јадранот порано утрово. Првиот со јачина од 3,1 степен, се случи во 5:00 часот, со епицентар на 65 километри северозападно од Виеште во Италија.

Вториот, со јачина од 3,2 степени, беше регистриран во 7.51 часот. Епицентарот бил на 48 километри југоисточно од Вис и 100 километри јужно од Сплит.

Повремените земјотреси во Јадранското Море траат веќе со денови.

Слични содржини