Поскапуваат горивата

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 % во однос на Одлуката од 3.1.2022 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,724 ден/кг.

Од 11.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,724 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,051 %, кај дизелот за 4,978% , кај екстра лесното масло за 5,031 % и кај мазутот за 4,704 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,101 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.

Слични содржини