Поскапувањето на струjата директен удар по џебот на работникот – најави за протест во неколку градови

од Берта Китинска

Новото поскапување на електричната енергија предизвика низа реакции.


Регулаторната комисија за енергетика минатата недела донесе одлука за покачување на цената на струјата за домаќинствата за 7,4 отсто. Тоа значи уште една цела месечна сметка за струја годишно.Секој што плаќал 1500 денари месечно, сега ќе плаќа 100 денари повеќе.

Од регулаторна наведоа дека причина за поскапувањето е тоа што енергетските компании побарале да се зголеми цената, поради зголемените трошоци, како и ударот од коноронакризата.

Протест против поскапување на струјата најавија и Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото. Од таму ги повикаа сите производствени работници да излезат на протестот кога ќе биде организиран.

-Пресметав дека мојот џеб како просечен работник во текот на една година ќе се оштети за 500 денари. Не смееме да дозволиме покачување на платите од наши џебови, кое е популизам, а сега сакаат да го вратат. – Атанас Трајковски – Претседател на НСГРИТ.

На социјалните мрежи за в четврток се најавени протести во Скопје, Тетово и Гостивар. Протестот во Скопје ќе започне од паркот во Чаир, во Тетово од Плоштадот „Илирија“, а за во Гостивар сѐ уште не е одредена локацијата.

Слични содржини