После 500 дена: Во Белгија конечно постигнат договор за новата влада 

од Stefanija Kuzmanovska

Седум партии, скоро 500 дена по парламентарните избори, утрово се согласија за формирање на владата на Белегија, која ќе се фокусира на справување со пандемијата на коронавирусот и нејзините економски последици, пренесе „Нова.рс“.

На последните преговори меѓу либералите, социјалистите, зелените и демохристијаните од седум партии, кои траеја скоро 24 часа, беше договорен заеднички буџет, но прашањето кој ќе биде новиот премиер остана отворено.

„Големите политички пречки се зад нас и среќен сум што успеавме да направиме програма со седумте партнери“, рече претставникот на демохристијаните Серваис Верхерстрајтен.

Либералите беа претставени на преговорите од Александар Де Крум, а социјалистите од Пол Магнет.

Од изборите на 26 мај, Белгија ја предводи привремена влада.

Освен јазичните бариери што се проблем во белгиската политика, формирањето на владата беше попречено и од меѓусебниот подем на десницата во Фландрија и левицата во Валонија на изборите.

Со цел да се исполни мерката за социјално растојание, белгискиот парламент ќе заседава во просториите на Европскиот парламент во текот на неделата, кога треба да ја одобри владата.

 

 

Слични содржини