После 99,95% обработени гласови: ИТН на Трифонов води со 14.925 гласови пред ГЕРБ на Борисов

од Nikola Popovski

Бугарските медиуми објавија дека после 99,95% обработени гласови од изборите, „Има таков народ“ (ИТН) има 24,07%, додека коалицијата ГЕРБ-СДС со 23,52% освоени гласови.

Според тоа е јасно дека партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ го задржува водството пред ГЕРБ и останува водечка политичка сила по гласањето. Останатите „БСП за Бугарија“ – 13,40%, „Демократска Бугарија“ – 12,63%, ДПС – 10,71%, „Стани! Мафијата надвор!” – 5,01%

Во странство, ИТН освоила 59.440 гласови, ДБ – 31.025, МРФ – 29.553, ГЕРБ-УДФ – 15.078.

Централната изборна комисија ќе ја објави распределбата на мандатите меѓу шесте формации што ќе го формираат составот на 46-то Национално собрание најдоцна во четврток.

И последната окружна изборна комисија пристигна во ЦИК денес доцна попладне за да ги предаде записниците за гласање. Тие веќе се воведени за обработка:

„Ако нема многу несогласувања и грешки, ние брзо ќе ги обработиме и дури тогаш ќе бидеме подготвени да објавиме 100% од резултатите од гласањето“, изјави портпаролката на ЦИК, Росица Матева.

Спореа неа, нема одлагање во обработката и веќе во 17:30 часот биле донесени сите протоколи од гласањето во странство.

Фото: БНР

Слични содржини