После една година чекање: Кармело се враќа во НБА

од Aleksandar Petrovski

Кармело Ентони повторно ќе игра во НБА лигата. 35-годишниот ветеран ќе се приклучи на тимот на Портланд, пренесува „ЕСПН“, а тоа доаѓа повеќе од една година по неговиот последен натпревар во Лигата на 8 ноември 2018 година како кошаркар на Хјустон Рокетс.

Ентони е еден од најдобрите стрелци во историјата на лигата, откако во просек има 24,0 поени, 6,5 скокови и 3,0 асистенции во 1.064 натпревари од редовна сезона, како дел од Денвер, Њујорк, Оклахома Сити и Хјустон.

Неговиот договор со Портланд ќе биде до крајот на сезоната и најверојатно има минимална вредност.

Мело ќе им се придружи на своите нови соиграчи за претстојната серија од 6 гостувања, која започнува во Сан Антонио овој викенд и завршува на 26 ноември во Чикаго.

Резултати во НБА:

Кливленд – Мајами – 97: 108
Ујорк – Далас – 106: 103
Милвоки – Чикаго – 124: 115
Newу Орлеанс – ЛА Клиперс – 132: 127
Феникс – Атланта – 128: 112
Денвер – Бруклин – 101: 93

Слични содржини