Последен ден од референдумот за приклучување кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska

На териториите на непризнаените самопрогласени републики Луганск и Доњецк и во регионите Херсон и Запорожје под контрола на руската армија, во тек е последниот ден од референдумот за присоединување кон Русија.

Претставниците на изборните комисии на сите овие украински региони веќе ги прогласија референдумите за валидни, бидејќи, според нив, излезноста веќе надминала 50 отсто од регистрираните гласачи, пренесува ТАСС.

Претседателот на самопрогласената ДНР претходно изјави дека жителите на Донбас се надеваат дека приклучувањето кон Русија ќе ги обезбеди нивната безбедност, мир и развој, додека лидерот на непризнаената Луганска Народна Република, Леонид Пашечин, изјави дека „граѓаните на републиката се со нетрпение го очекувале референдумот“.

Слични содржини