ПОСЛЕДНА „БОМБА“ ОД ТРАМП: Ја отстранува тајноста од податоците за вистинското потекло на короната?

од Nikola Popovski

Британските дипломати се подготвуваат САД да упатат сериозни обвинувања кон Кина во врска со „опасното“ истражување на коронавирусот во Вухан, пишува Телеграф.

Се верува дека американскиот претседател во заминување Доналд Трамп бил категоричен во намерата да ѝ наштети на Кина во последните денови од неговиот мандат во врска со пандемијата на коронавирус. Британски извори веруваат дека неговиот државен секретар Мајк Помпео може да ги отстрани „доверливите“ етикети од податоците собрани од разузнавачката заедница на САД за Институтот за вирусологија во Вухан.

Гореспоменатиот британски извор изјавил за Телеграф дека САД можат да тврдат дека кинеската војска спроведува истражувачки проекти кои вклучуваат „размножување опасни коронавируси“ во голем број животински видови во лабораторијата на Институтот во Вухан.

Ваквите тврдења би натерале многумина да се запрашаат зошто кинеската војска би била вклучена во ваков проект и дали проектот е поврзан со потенцијален развој на биолошко оружје.

Од Вашингтон не се очекува да оди толку далеку да тврди дека Ковид-19 потекнува од биолошка лабораторија, но целта е да се постави сомнеж.

Изјавата на советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан, во понеделникот, натера многумина да помислат дека Америка наскоро би можела да ја обвини Кина.

„Светот не може да продолжи да плаќа високи цени за неговата наивност и соучесништво во неодговорните и штетни потези на Пекинг, без разлика дали е ставање крај на владеењето на правото во Хонг Конг или не соработување со здравствените власти за време на пандемијата“, рече тој. „Соединетите држави разгледуваат понатамошни опции за одговор“, додаде тој.

„Сан“ напиша дека дипломатски извор им го кажал следново: „Америка досега се воздржуваше, но во наредните денови се може да се случи, а тие се најмногу заинтересирани за потеклото на вирусот“.

Началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Џ. Мајли, во април минатата година потврди дека американските разузнавачки агенции испитуваат дали лабораториската несреќа во Вухан е одговорна за пандемијата на коронавирус. Во тоа време, сепак, тој исто така рече дека најверојатно вирусот потекнува од природата.

Америка веќе некое време бара одговори на прашањата за потеклото на вирусот од Пекинг, а во пролетта ја обвини Светската здравствена организација дека помага во прикривање на потеклото на вирусот со доставување до Комунистичката партија на Кина.

Извори од британската разузнавачка заедница тврдат дека досега достапните докази сугерираат дека вирусот потекнува од дивината.

Официјален Лондон во понеделникот повтори дека се уште е заинтересиран да го испита потеклото на вирусот во Кина, но инсистираше тој да биде транспарентен и научно ригорозен.

Институтот за вирусологија Вухан е државна истражувачка институција под јурисдикција на Кинеската академија на науките, која пак е под строга контрола на тамошниот државен врв.

Научните истражувања во Кина честопати се поврзани со војската, која пак води неколку внатрешни институции кои се занимаваат со некои од најнапредните проекти во цела Кина. Една од кинеските вакцини против коронавирус беше развиена од војската, а истражувачкиот тим што го произведе беше предводен од генералот Чен Веи. Телеграф наведува дека не е познато како се воспоставуваат такви партнерства.

Лабораторијата во Вухан е отворена во 2015 година и е прва кинеска лабораторија чијашто способност да се справи со биолошки чувствителни материи е на четврто ниво. Ова доведе многу експерти да се сомневаат дали Кина знае како да управува со опасни материи.

Уште на самиот почеток на избувнувањето на пандемијата на коронавирусите, Пекинг ја отфрла тезата дека е на кој било начин поврзана со истражувањето во таа лабораторија.

Слични содржини