Последни моменти од животот: Девојче се снимало на ТикТок, по неколку минути починало

од Nikola Popovski

Трогателно видео покажува како тинејџерка од Џорџија, САД, некој одеднаш ја прекинува додека се снимала ма ТикТок, само неколку моменти пред да биде убиена, соопшти нејзиното семејство.

Калисија „Пинки“ Вилијамс (16) се снимала како игра во хотелска соба во Атланта минатиот Божиќ, додека требала да биде на забава под надзор, изјави нејзиното семејство за „Фокс 5“.

Сепак, во нејзиниот последен клип, снимен нешто по полноќ, се чини дека Калисија е изненадена и брзо ја исклучува камерата додека некој влегува во собата, пренесува „Њујорк пост“.

– Што се случи откако го сними последното видео на ТикТок во 00:02 часот и почина во 00:23 часот? Ми требаат одговори -прашува нејзината мајка Април Смит.

Тинејџер, чие име не било соопштено бидејќи е малолетник, оттогаш е обвинет за кривично дело убиство, како и за тежок напад, несовесно однесување и поседување огнено оружје.

Истражителите ги опишале двајцата тинејџери како „познаници“ и рекле дека тие биле единствените во хотелската соба за време на пукањето.

Сепак, семејството на тинејџерот вели дека сакаат повеќе обвиненија во овој случај – вклучително и обвинение против родителот кој ја резервирал хотелската соба, а семејството на убиената тинејџерка помислило дека таа е на забава во „Airbnb“.

– Тие се одговорни за добивањето хотелска соба за овие малолетни лица. Хотелската соба беше на името на мајката, така што чувствувам дека и таа треба да биде одговорна за смртта на мојата ќерка – вели мајката на Вилијамс.

Засега е непознато кој родител ја резервирал хотелската соба и каква е нејзината врска со Вилијамс.

Неутешната мајка додала дека ѝ биле потребни осум часа да ја известат за смртта на нејзината ќерка, а повикот го добила од мртовечницата, а не од полицијата.

Слични содржини