„Последниот танц“ на Ангела Меркел во ЕУ: Пред канцеларката се опасни предизвици, што може да очекуваме?

од Aleksandar Petrovski

Германија го презеде шестмесечното претседателство со Европската унија на 1 јули и тоа ќе биде последното „управување“ на канцеларката Ангела Меркел во Советот на Европа.

Меркел претходно објави дека следната година нема да се кандидира за канцелар на Германија и сега се соочува со нови предизвици како што е пандемијата на коронавирус и економската рецесија предизвикана од ширењето на инфекцијата.

„Не е претерување дека се соочуваме со најголемиот предизвик во историјата на Европската унија“, рече неодамна Меркел.

Криза и заедништво

Европската унија мора да се соочи со пандемија која ги ослаби државите и во голема мерка ја оштети светската економија, а во исто време треба да стимулира возбуда кај членките на ЕУ кои учествуваат во европскиот проект. Доколку се оди според планот, за што нема гаранција, Брегзит, односно излегувањето на Велика Британија како трета најголема членка од ЕУ, ќе биде завршено во времето кога Германија го има претседателството на Унијата.

Европа никогаш не била територија каде Меркел е своја на свое. Ангела во Германија понекогаш ја споредуваат со поранешниот канцелар Хелмут Кол, кој желбата за европско единство ја формирал откако неговиот чичко починал во Првата светска војна, а неговиот постар брат во Втората светска војна. За него, зајакнувањето на соработката со земјите во Европа и правење пријател наместо непријател, стана страст на Кол.

Реформа на блокот

Следните шест месеци ќе биде нејзиното второ и последно претседателство со ЕУ. Таа имаше „огнено крштевање“ во 2007 година, непосредно пред светската финансиска криза. Сепак, според Дојче веле, Меркел никогаш не се обидела да го реформира европскиот блок од корен.

Без оглед со кој од четворицата претседатели на Франција, една од најважните земји на Унијата, таа никогаш не собрала храброст да започне нешто како „европска ренесанса“ во време на растечки популизам и евроскептицизам.

ЕУ и германско-француски мотор

Сепак, дури и по новата криза во 2020 година, Меркел се чини повторно делува дека е динамично и одлучувачки како порано. Според некои аналитичари, се чини како да ја мотивирале „пукнатините во фасадата на Европа“. Особено во време кога земјите од ЕУ ги затворија своите граници заради коронавирусот и може да се забележи зголемување на национализмот. Блиските соработници на канцеларката велат дека прашањето за Унијата е многу близу до нејзиното срце, како што беше случајот со нејзиниот претходник Хелмут Кол.

Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон, понудија голема финансиска помош на земјите од ЕУ со цел да се борат со своите долгови, меѓу кои, меѓу другите се Шпанија и Италија, а според многумина, на тој начин испратија порака за единство и солидарност.

Пораката на Ангела и Макрон беше јасна: германско-францускиот мотор ја движи ЕУ и „работи со полна сила“.

Слични содржини