Последниот твит на Брајант доби над 8,4 милиони лајкови (фото)

од Nikola Popovski

Последниот твит на легендарниот играч на Лејкерс, Коби Брајант, кој почина вчеравечер во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, веќе собра повеќе од 8,4 милиони лајкови и повеќе од 443 илјади ре-твитови.

Брајант му честиташе на напаѓачот на Лејкерс, Леброн Џејмс за тоа што го помина со бројот на поени во кариерата и се искачи на третото место на списокот најефикасни играчи во НБА.

– Леброн Џејмс продолжува да ја придвижува играта напред. Голема почит кон брат ми. # 33644, – напиша Коби на својот профил на Твитер.

Слични содржини