Последните часа од животот на екс-ју легендата, Милан Младеновиќ

Поминаа 25 години откако Милан Младеновиќ го напушти овој свет. Беше фронтмен на ЕКВ и еден од најголемите музичари во историјата на просторите на поранешна Југославија.
Тој 5. ноември 1994 година, Младеновиќ почина како последина на карцином на панкреасот, а со месеци се зборувало дека бил болен од сида.

Во последните часови од неговиот живот со него во собата седела неговата колешка Маргите Стефановиќ Маги.

За последните часа во животот на Младеновиќ во својата книга „Osjećanja. O, sjećanja“ прозборела блиската пријателка на Маргите, Лидија Николиќ.

„Ден пред смртта на Милан Маги беше во својот стан. Зазвони телефонот.’Можеш ли да дојдеш кај нас? Милан сака само тебе да те види’, прашала мајката на Милан, Даница. Маги веднаш фатила такси и отишла до станот на Милан во Нов Белград. Милан лежел во креветот. Било мрачно“, напишала Николиќ во книгата за последната средба меѓу двете рок легенди.

„’Немој да плачеш, сите го знаевме ова’, рекол Милан. Побарал да ја стави главата во нејзиниот скут. Често тоа го правел. Заспал. Таа останала со него неколку часа. Кога се збогувале му рекла: ‘Се гледаме утре’. Ништо не ѝ одговорил. Само нежно ја погледнал. Утредента починал“, раскажала Лидија Николиќ.

Некои наведуваат дека славниот музичар за време на смртта имал само 35 килограми.
Три месеци пред смртта му се слошило по концертот во Будва и бил итно пренесен во болница.

Слични содржини