Последните информации за Зидан, Роџерс и Почетино – големите кандидати за жешката функција на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Двајцата најистакнати кандидати за менаџерското место на Манчестер Јунајтед, испразнето по вчерашниот отказ на Оле Гунар Солскјер, се Маурисио Почетино и Брендан Роџерс. Така барем утрово објавија британските медиуми.

Зинедин Зидан, кој е единствениот кој е слободен и може веднаш да започне со работа, во моментов не е заинтересиран за позицијата тренер на 20-кратниот англиски шампион, според Би-Би-Си. Французинот е повеќе склон да го земе Пари Сен Жермен во случај парижаните да се разделат со Почетино.

Според Sky Sports, Аргентинецот моментално е на врвот на листата на кандидати за местото на Солскјер. Изворот тврди дека неговото назначување најверојатно ќе стане факт на лето, а до крајот на сезоната Мајкл Керик ќе биде привремен менаџер. Клубот вчера објави дека поранешниот играч од средниот ред ќе го води тимот додека не биде назначен привремен менаџер до крајот на сезоната. За многумина, фактот дека всушност се бара привремена опција беше прилично изненадувачка најава. Сепак, голема е веројатноста Карик да ја исполнува оваа улога до лето.

Сепак, според „Дејли мејл“, Почетино е подготвен да го напушти ПСЖ во моментов и да го преземе Јунајтед, се додека двата клуба се договорат еден со друг.

„Сан“ има други информации. Според таблоидот, од „Олд Трафорд“ по веста за отказот на Солскјер го контактирале менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс. Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да им плати отштета на „лисиците“ во висина од 8 милиони фунти за да го привлече менаџерот од Северна Ирска. Така, тренерската смена ќе ги чини сопствениците над 15 милиони, бидејќи Солскјер мора да добие 7,5 милиони обештетување за отказот.
Според „Сан“, шансата Роџерс да биде нов менаџер на Јунајтед е многу голема.

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, се уште е во групата со кандидати за функцијата, иако од денеска не е фаворит, а очигледно клубот во моментов нема остварено контакт со него, како што самиот изјави вчера.

Луис Енрике веќе прилично се огради од гласините кои го поврзуваат со Манчестер Јунајтед.

Слични содржини