Последните минути на пациент кој умира од Ковид-19 (видео)

од Nikola Popovski

Американскиот д-р Кенет Реми снимил видео што покажува што гледа и што прави пациент кој умира од Ковид-19, со цел да влијае врз луѓето да носат маски.

„Носењето маска не е приближно толку непријатно колку чувството да имаш пластична цевка во душникот. Вака изгледа човек што внесува воздух 40 пати во минута. Ова е она што вашата мајка, татко или вашите деца ќе го видат за последен пат во животот ако имаат тешка клиничка слика со Ковид-19“, посочил лекарот.

Тој вели дека спонтано го снимил видеото, кога забележал колку смртта на еден пациент влијаела врз членовите на неговиот тим.

Слични содржини