Последно новогодишно обраќање на Меркел: Старата година никогаш не ни била толку тешка

од Vladimir Zorba

Ангела Меркел во своето последно новогодишно обраќање до нацијата како германска канцеларка рече дека 2020 година е убедливо најтешката во нејзините 15 години на власт, но почетокот на вакцинацијата против Kовид-19 даде надеж за 2021 година.

Во ретко покажување на емоции, Меркел, која управуваше со Германија и Европската унија преку финансиската криза во 2008 година, грчкиот долг една година подоцна и мигрантската криза пет години подоцна, го осуди протестот против затворањето и рече дека ќе биде вакцинирана веднаш штом вакцината во широка употреба.

– Дозволете ми да ви кажам нешто лично на крајот: за девет месеци ќе има парламентарни избори и нема да се кандидирам повторно. Денес е последен пат кога ќе ви се обратам во пресрет на Новата година – рече Меркел (66).

Таа додаде:

– Мислам дека не претерувам кога велам: никогаш во последните 15 години не ни било толку тешко на нас и никогаш, и покрај сите грижи и одреден скептицизам, не сме ја очекувале новата со толку многу надеж. Можам само да замислам колку е горко за оние што жалат за своите најблиски кои ги изгубиле од короната или кои треба да се борат со ефектите на болеста, додека во исто време некои безнадежни поединци го оспоруваат и негираат вирусот, рече Меркел.

Слични содржини