ПОСЛЕДНОТО ВИДЕО од Пригожин: „За сите оние кои водат дебата дали сум жив или мртов…“

од Stefanija Kuzmanovska
769 прегледи

Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој загина минатата среда во авионска несреќа, наводно неколку дена пред смртта во видео-обраќање рекол дека се уште е жив и дека е во Африка. Како што понатаму се наведува, ова видео е направено за време на неговото враќање во Русија.

„За сите оние кои водат дебата дали сум жив или мртов, како сум и како ми оди. Сега е викенд, втората половина на август 2023 година, јас сум во Африка, па затоа за фанатиците кои разговараат за мојата елиминација, приватен живот, заработка или нешто друго, да ви кажам – се е во ред“, вели Пригожин во видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Во видеото објавено на Твитер, основачот на „Вагнер“ е облечен во борбена опрема и се вози во џип.

Да потсетиме, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа минатата недела, беше погребан на гробишта во предградието на Санкт Петербург. Погребот се одржа далеку од медиумите и во целосна тајност.

Според некои руски медиуми, на церемонијата присуствувале околу 20 до 30 луѓе, а погребот траел околу 40 минути. Извори за руската државна новинска агенција ТАСС изјавија дека церемонијата се одржала приватно само во кругот на пријателите и семејството. Сликите кои кружат на социјалните мрежи и направени од новинската агенција „Ројтерс“ го покажуваат гробот на Пригожин, веднаш до гробот на неговиот татко.

Слични содржини