Посрамотениот Џастин Тимберлејк

од desk4

Годинешната Модна недела во Париз покрај модните ревии ќе остане запаметена и по нападот над пејачот Џастин Тимберлејк.


Виталиј Седјук од Полска со години успева да го избегне обезбедувањето на познатите, а потоа ги прегрнува или допира, без нивна дозвола. Седјук е познат по инцидентите кои ги прави на црвениот тепих, а оваа година негова мета беше Џастин Тимберлејк. Пејачот на ревијата дојде во придружба на сопругата Џесика Бил. Сѐ изгледаше мирно и сигурно додека Виталиј не му се закачи за нога на пејачот и немаше намера да го пушти. Актерката Џесика Бил не беше сигурна што се случува, а кога се сврте без да паничи, само го повлече сопругот за рака.
Обезбедувањето веднаш реагираше и во најбрз можен рок го оддели Виталиј од Џастин. И покрај непријатноста, Џастин и Џесика со насмевка продолжија да чекорат по црвениот тепих.

 

https://www.instagram.com/p/B3Fp8adnVpj/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Слични содржини