Постара жена во Русија со влечење исфрлена од автобус бидејќи го критикувала Путин (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Критикувањето на војната во Украина не е нешто на кое се гледа позитивно во Русија. Такво нешто е дури и казниво, па само најхрабрите одлучуваат да го направат тоа.

Но, покрај затворската казна, ваквите лица може да имаат проблеми и со реакцијата на јавноста. Дека е тоа така, на своја кожа почувствува една постара госпоѓа.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа старица која ја извлекуваат од автобус во Русија бидејќи наводно ја критикувала војната на Путин.

Клипот беше споделен од независниот проект WarTranslated, кој преведува материјали за војната во Украина, а го пренесе Sky News.

Да потсетиме, на почетокот на оваа година Путин потпиша закон со кој беше незаконско да се „дискредитира“ руската инвазија на Украина.

Законот, исто така, забрани ширење на „лажни информации“ за војната, која Русија продолжува да ја нарекува „специјална воена операција“.

Слични содржини