Постарите лица кои страдаат од несоница се изложени на поголем ризик од развој на депресија

од Vladimir Zorba

Постарите лица со нарушувања на спиењето може да бидат со поголем ризик од развој на депресија, според студијата на истражувачите од школата за јавно здравје „Johns Hopkins Bloomberg School of Public Health“.

Истражувачите, кои ги објавија своите наоди во магазинот „Sleep“, анализирале податоци од скоро 600 луѓе на возраст над 60 години кои ги посетувале центрите за примарна нега во североисточниот дел на Соединетите држави. Сите пациенти ги исполниле клиничките критериуми за поблага или потешка форма на депресија на почетокот на студијата.

Истражувачите откриле дека оние со влошена шема на несоница во текот на следната година, имале скоро 30 пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со депресија.

„Овие резултати покажаа дека постарите луѓе со симптоми на несоница се изложени на ризик од постојана депресија и самоубиствени идеи“, вели Адам Спира, д-р и професор во одделот за ментално здравје во „Johns Hopkins Bloomberg School of Public Health“.

Спиењето или неговото нарушување одамна се сметаат за потенцијален фактор на ризик за нарушувања на расположението, а неодамна се изучува во врска со самоубиствени мисли.

Претходната студија открила дека постарите луѓе кои живеат во земји со ниски и средни приходи кои имаат симптоми на несоница поверојатно имаат самоубиствени мисли.

Во нивната нова анализа, истражувачите испитувале податоци од студија за спиење и ментално здравје спроведена од мај 1999 година до август 2001 година, во која биле вклучени постари лица во 20 центри за примарна здравствена заштита во Њујорк, Филаделфија и Питсбург.

Во анализата се опфатени 599 испитаници, од кои 71,6 проценти се жени.

На почетокот на студијата, просечната возраст на испитаниците била 70 години, две третини ги исполнувале критериумите за тешка депресија, додека другите ги исполнувале критериумите за поблага депресија.

Анализата откри дека, во споредба со оние чие спиење се подобрило, оние со влошени нарушувања на спиењето биле со 28,6 пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со тешка депресија.

Слични содржини