Поставени семафори за велосипедистите кај Транспортен центар

од Берта Китинска

На улицата Никола Карев, на постоечките семафори кај Транспортен центар, деновиве беа поставени нови лантерни наменети за велосипедистите, соопштија од Град Скопје.

-Вакви семафори за велосипеди до сега беа поставени и долж ул. Борис Сарафов како и на бул. Свети Климент Охридски, а наскоро ќе бидат поставени на уште неколку локации низ Скопје. Град Скопје, во континуитет работи на комплетирање на уличната инфраструктура за зголемување на сообраќајната безбедност на велосипедистите, па оттука покрај формирање на велосипедските патеки и поставување на ваква вертикална сигнализација, соопштија од градот.

Слични содржини