Постигнат договор меѓу Србија и Грција: Познато е дали ќе бидат потребни вакцини и тестови за влез

од Nikola Popovski

Српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ и министерот за туризам на Република Грција, Харис Теокарис се согласиле за потпишување на заеднички Меморандум за разбирање од областа на туризмот во контекст на пандемијата со КОВИД-19, со кој ќе се дефинираат условите за влез на патниците од Србија во Грција и обратно.

По тој повод, министерката Матиќ објавила дека е договорено Меморандумот да предвиди заемно признавање на електронските сертификати за вакцинација.

„На тој начин ќе можат да влезат граѓаните од обете држави кои биле вакцинирани, додека ПЦР или тест за антиген ќе биде задолжителен за граѓаните кои не биле вакцинирани. Исто така, ќе се направат случајни брзи тестови на границата“, објасни министерката.

Таа исто така спомена дека граѓаните што досега не биле во можност да направат заменски патувања во Грција и кои имаат склучено договори со туристички агенции, тоа ќе можат да го сторат до 31 декември 2021 година, било објавено на веб-страницата на министерството.

„Отворањето на грчката граница за нашите граѓани во текот на летната сезона ќе биде симболична слика за целосно нормализирање на нашите животи, но и уште една потврда за длабокото и вистинско пријателство и вонредните билатерални односи меѓу Србија и Грција“, изјавила Матиќ.

Слични содржини