Постојат шанси Алијанса да биде дел од Владата

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска најави дека постојат шанси партијата Алијанса за Албанците (АА) да биде дел од Владата.

-АА веќе има изразено политичка волја која е за европски концепт на државата. Дали ќе се случи тоа зависи од политички договор, кој што секогаш има два аспекти. Едниот е програмски, другиот е кадровски и додека не се случи такво нешто, не можеме да зборуваме со сигурност дека ќе има уште еден владин партнер. Претходно кажав дека сега е времето за сите оние кои што сакаат да се приклучат кон концептот за европска Македонија бидејќи од нас зависи побрзото пристапување на државата во ЕУ. Токму тоа граѓаните го бараат, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Слични содржини