Постои многу добра причина да водите љубов СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК!

од Stefanija Kuzmanovska

Станување, работа и други обврски што следуваат со растењето: во понеделник, сè е двојно пострашно. Барем таков имиџ има најнеомилениот ден во неделата.

Тоа е доволна причина да ја започнете неделата малку поинаку во иднина – не станува збор за утринска рутина со јога и овесна каша, туку за секс!

Планирањето на понеделник како фиксен ден за секс во вашата љубовна рутина не е лоша идеја затоа што фиксните дневни рутини ни даваат сигурност, па тие прават да се чувствуваме порелаксирано и подобро.

Рутината ни недостигаше во текот на изминатата година, како поради карантинот, така и поради разни други ограничувања. Затоа, време е за малку повеќе релаксација во секојдневниот живот. Ако новата рутина е поврзана со секс, тогаш сигурно не може да ни наштети.

Дури 45 проценти од сексуално активните луѓе признаа во неодамнешното истражување дека испланирале секс во нивното секојдневие, пренесуваат медиумите. Постои посебна причина за тоа: паровите со фиксен сексуален распоред имаат поисполнета врска и се посреќни!

Слични содржини