Постои објаснување зошто сте личност која сака кучиња или мачки

од Vladimir Zorba

Сигурно некој ве прашал барем еднаш во животот, дали сакате кучиња или мачки повеќе. Поради некоја причина, луѓето кои сакаат мачки честопати се сметаат за осамени, додека оние што сакаат кучиња тврдат дека животот е позабавен со нив. Сето ова, се разбира, можеби не е точно, но има причина зошто некои претпочитаат кучиња, а некои – мачки.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се дефинираат себеси како љубители на кучиња или мачки имаат различни карактеристики. Написот објавен во списанието „Anthrozoos“ ги процени карактеристиките на 4.500 луѓе. Заклучиле дека „луѓето кои сакаат кучиња се попристапни и посовесни, но помалку отворени од љубителите на мачки“. Друга студија објавена во истото списание сугерира дека луѓето кои претпочитаат кучиња се повеќе социјално доминантни.

„Поединци кои имаат кучиња претпочитаат покорни миленичиња чиј темперамент ја надополнува нивната склоност за доминација“, се вели во заклучокот.

Сопствениците на мачки, од друга страна, се сметаат за послушни луѓе кои се среќни што имаат домашно милениче кое ги следи сопствените правила.

Постојат и практични причини зошто некои избираат куче, а некои мачка. Оние кои претпочитаат да бидат на отворено, поверојатно ќе се одлучат за куче, додека „домашарите“ ќе бидат повеќе склони кон мачки.

Слични содржини