Постои поврзаност помеѓу ќелавоста и потешката форма на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Се појави уште едно откритие за коронавирус, до кое дојдоа американски научници – тие откриле поврзаност помеѓу ќелавоста кај мажите и развојот на потешки симптоми на коронавирус, пренесеува „Нова.рс“.

Експертите ги прателе фазите на ќелавост на 1.941 пациент со корона, со цел да се проверат претходните теории на поголем примерок дека тешката симптоматска инфекција на Ковид 19 е почеста кај машките пациенти со сериозно опаѓање на косата.

Кај мажите со посериозни симптоми на коронавирус, кои биле во болница, тие ја бележеле фреквенцијата на ќелавост, но и други фактори како што се возраста и тежината, пишува „Индекс“.

Од 1.941 хоспитализиран пациенти, 1.605 биле негативни за коронавирус, а 336 биле позитивни. Средната возраст и средната телесна тежина беа слични и во обете групи, така што процентот на различни фази на ќелавост беше ист кај пациенти негативни за корона. Сепак, тие забележале дека има поголем процент на опаѓање на косата кај оние кои биле заразени со коронавирус.

Податоците покажале дека 15.03% од заразените мажи не страдаат од опаѓање на косата, 16,83% од заразените имаат благо, 18,15% средно опаѓање, а 20,05% значително губење на косата.

Такви откритуја имаа и други научници кои, во претходната студија објавена во списанието Journal of the American Academy of Dermatology навеле дека тешката симптоматска инфекција е почеста кај ќелавите машки пациенти. Дерматологот Карлос Густаво Вамбиер од Универзитетот Браун, заедно со шпанските научници, ги анализираа податоците на 175 хоспитализирани пациенти со коронавирус во Мадрид во март и април 2020 година. Меѓу нив имало 122 мажи и 53 жени.

Тие забележале дека зачестеноста на опаѓање на косата кај мажите е 79%, а кај жени 42%. Просечната возраст на пациентите била 71 година.

Слични содржини