Постои пристап за проширување на мнозинството и создавање една алијанса за Европа, најави Ахмети

од Nikola Popovski

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети денеска порача дека евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата не е поврзан со „Огнената група“.

-Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа, изјави денеска Ахмети одговарајќи на новинарски прашања.

Тој беше дециден дека разговорите со АА нема никаква врска со „Огнената група“.

Претседателот на АА Арбен Таравари синоќа најави дека постои можност за влез на неговата партија во Владата, иако досега до нив не стигнала конкретна понуда.

-Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата, рече Таравари во дебатна емисија.

Тој додаде дека доколку не станат дел од Владата, тогаш треба да се оди на избори.

-Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, изјави Таравари.

Слични содржини