Постојка со билборди падна врз маж

од Берта Китинска

Педесет и четиригодишниот Ц.С. од Ниш е тешко повреден откако врз него паднала комплетна автобуска постојка, со клупи и билборди.

Тој бил хоспитализиран на универзитетскиот клинички центар во Ниш, од каде за медиумите изјавиле дека Ц.С. е примен во свесна состојба, без видливи повреди.

„Пациентот се жали на болка во десната рака и десниот глужд. Дијагнозата на неговите повреди е во тек “, изјавиле од болницата.

Автобуската станица што падна врз човекот се наоѓа во непосредна близина на кружниот тек во близина на новиот трговски центар Делта.

Слични содржини