Првото дете што Анџелина Џоли го посвои е Медокс, сираче од Камбоџа, на кое и легално стана мајка во 2002 година. Сепак, наскоро започнаа шпекулации за тоа како не е завршен процесот на посвојување според законот, а сега излегува нов документарец во кој се тврди дека момчето било украдено од неговото вистинско семејство.

Според Noizz, Анџелина го посвоила Медокс преку агентка која се занимава со медијација помеѓу посвоители и социјални служби во Камбоџа. Две години по завршувањето на процесот на посвојување, таа беше уапсена за проневера и фалсификување документи со цел сираците од Камбоџа да добијат американска виза. И токму по оваа трага оди приказната.

Документарецот наречен „The Stolen Children“, наводно, детално го опишува процесот на кражба на деца. Авторот е 21-годишна девојка која самата била посвоена. Документарниот филм го опфаќа и периодот од 1997 до 2001 година, при што околу половина од постапката на посвојување помина низ уапсената агентка Лорин Галиндо – а тие биле од 800 до 1.600.

Кога била уапсена, нејзината сестра исто била казнета за помагање во фалсификување на имињата, датумите и местата на раѓање на деца од Камбоџа, кои подоцна пронашле дом во американски семејства. Кога избувнал скандалот, бил проверен и начинот на кој бил усвоен Медокс, а не биле пронајдени докази дека тој навистина не бил сираче.

Анџелина Џоли претходно изјави дека и самата поминувала многу време проверувајќи каде е биолошката мајка на Медокс и дали сака да има некаков контакт со него.

Слични содржини