„Потајно се наоѓаат“: Канје Вест по разводот пронајде утеха во Ирина Шајк?

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот Канје Вест наводно е во врска со манекенката Ирина Шајк, пишува озборувачката страница Deux Moi.

Оваа страница многупати беше во право кога станува збор за нови љубови, а сега тие пишуваат дека Канје по разводот со Ким Кардашијан пронашол утеха во убавата Русинка.

„Кание Вест тајно се наоѓа со Ирина Шајк“, рекол извор на наведената страница.

„Кога ќе навлезам малку подлабоко во тоа, не знам дали врска е вистинското име за тоа, но веројатно има некаков интерес“, додава изворот.

Ирина и Канје се познаваат веќе неколку години. Тие се запознаа кога таа се појави во неговиот спот за песната Power од 2010 година. Пред неколку недели, папараците ја уловија облечена во маица дизајнирана од Канје.

Канје и Ирина сè уште не ги коментирале овие тврдења.

Deux Moi на својот Инстаграм профил објавува информации што им ги испраќаат луѓе ширум светот, па овој пат биле информирани дека нешто се случува помеѓу Ирина и Канје. Оваа вест ја пренесоа скоро сите поголеми светски медиуми.

Слични содржини