Потенцијални бенефити од никотинот – мит или вистина?

од Stefanija Kuzmanovska

Никотинот претставува алкалоид кој природно се создава кај растенијата од фамилијата Solanaceaeи има примена како стимуланс. Никотинот ги активира рецепторите во мозокот и телотопознати како никотински ацетилхолински рецептори (nAChR).Овие рецептори обично се активираат од невротрансмитеротацетилхолин(трансмитер на невромускулната врска). Бидејќи рецепторите се многу распространетинизразлични делови на нервниот систем, нивнотоактивирање предизвикува бројни различни ефекти.

Во последно време никотинот станува сѐ поактуелен како предмет на разгледување и истражување од страна на научната заедница ширум светот. Ова делумно се должи на појавата на нови, иновативни начини за консумирање на никотин, кои се разликуваат од традиционалните цигари, како и алтернативи на заменска терапија со никотин, главна алатка во досегашните многубројни, но очигледно неуспешни, начини да се намали стапката на пушачи и да се стави под контрола епидемијата на пушењето која владее низ светот. Можноста луѓето да бидат зависни од никотин, но да не умираат од истиот, е во центарот на дебатите во научната заедница. Голем број научници се залагаат за јасно диференцирање на цигарите и никотинот. Факт е дека цигарите не можат без никотин, но никотинот постои и одделно од цигарите.

Психолошките ефекти на никотинот навидум изгледаат контрадикторни: зголемување на будноста, но истовремено обезбедување чувство на релаксација и смиреност. Едно можно објаснување е дека ефектот варира во зависност од почетната состојба на корисникот. За некој кој е вознемирен, никотинот делува смирувачки. За некој што не е, ја зголемува будноста. Се разбира, ова не значи дека треба никотинот да се внесува преку цигарите, бидејќи при нивното согорување се испушта чад кој има голем број штетни и канцерогени супстанци, покрај никотинот. Конзумирањето никотин преку обичните, согорливи цигари е докажано најризичо и претставува најлош можен избор.За лекови поврзани со никотин се зборува со децении наназад, но сè уште ги нема на пазарот. Дел од проблемот е репутацијата.Никотинот како супстанца е со негативна конотација поради поврзаноста со пушењето и зависноста. Но, истиот има широк спектар на ефекти врз мозокот, што може да вклучува некои лековити својства. Истражувачите тестираат никотин и сродни соединенија како третмани за Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, нарушување на вниманието/хиперактивност (ADHD) и други состојби.

„Според мое знаење, никотинот во моментов е когнитивен подобрувачна кој највеќе можеш да се потпреш“,велиЏенифер Рустед, професор по експериментална психологија на Универзитетот Сасекс во Велика Британија. „Когнитивните ефекти на никотинот кај нормалната популација се поизразени отколку резултатите со кој било друг агенс“.Во Велика Британија, Рустeд објави серија студии кои покажуваат дека никотинот зголемува нешто што се нарекува потенцијална меморија, способност да се запамети и спроведе претходна намера.

Уште од раните 2000-ти, истражувачи од Шпанија, Германија, Швајцарија и Данска –особени Пол Њухаус во Вермонт – објавија над десетина студии кои покажуваат дека кај животните и кај луѓето, внесувањето на никотин привремено го подобрува визуелното внимание и работната меморија. Истражувачите на студијата „MIND“ специфично ги проучуваат потенцијалните придобивки од никотинот за да проверат дали може да ги подобри или ублажи симптомите на губење на меморијата кај луѓе со благо когнитивно оштетување (MCI) и евентуално да го одложи или спречи неговото напредување кон Алцхајмерова болест.

Слични содржини