Потешко се губат килограми: 5 причини зошто не треба да јадете пред спиење

од Stefanija Kuzmanovska

Бројни студии сугерираат дека јадењето пред спиење може да има голем број негативни ефекти врз нас и нашето тело, од дебелеење, до потешко концентрирање на работата следниот ден.

1. Потешко се губат килограми

Ако сакате да изгубите вишок килограми, треба да престанете да јадете пред спиење. Студија од 2020 година, објавена во списанието „PLOS Biology“, спореди две групи на луѓе над 50 години кои конзумирале ист број калории во текот на денот, едната група го јадела последниот оброк во денот доцна во ноќта, а другата порано.

Се испостави дека оние кои јаделе подоцна, изгубиле тежина побавно додека спиеле, отколку оние кои го јаделе последниот оброк порано во текот на денот.

2. Може да се здебелите

Студија од 2020 година, објавена во „The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism“, открива дека луѓето кои јаделе вечера во 22 часот наместо во 18 часот имале поголем ризик од развој на нетолеранција на гликоза, како и намалена стапка на оксидација на маснотии па поради тоа ризикот да се здебелат е поголем, јавуваат медиумите.

3. Ризик од развој на метаболички синдром

Метаболички синдром е група на метаболички нарушувања кои се манифестираат како инсулинска резистенција, акумулација на масно ткиво во стомакот (абдоминална или централна гојазност), високи нивоа на холестерол и висок крвен притисок. Секој од овие здравствени проблеми го зголемува ризикот од болести како што се дијабетес и срцеви заболувања.

Ризикот од развој на овој синдром се зголемува ако јадете често пред спиење, според студијата објавена во 2018 година во BMC Public Health.

4. Полош сон

Студија од 2011 година објавена во Journal of Clinical Sleep Medicine открива дека оние кои јаделе доцна во ноќта имаат поголема веројатност да имаат нарушувања на спиењето, потребно им е подолго време да заспијат и имаат помалку РЕМ сон, што резултира во утрински замор.

5. Ќе ви биде потешко да се концентрирате на работата следниот ден

Ако јадете нездрава храна навечер, би можеле да ја почувствувате на работа следниот ден. Една студија од 2011 година, објавена во Journal of Applied Psychology, открива дека оние кои јаделе нездрава храна пред спиење следниот ден, имаат поголема веројатност да имаат дијареја или главоболка, па севкупно тие се повлечени и помалку продуктивни додека работат.

Слични содржини