Потона брод во Конго, најмалку 30 загинати и 200 исчезнати

од desk4

Властите во западниот дел на Конго соопштија дека најмалку 30 лица загинале, а 200 се исчезнати откако потонал брод во езерото Маи Ндомба.

Градоначалникот на Инонго рече дека повеќето патници биле наставници.

Засега не е познато колку вкупно луѓе имало на бродот што потона во саботата вечер поради лошите временски услови.

Само 80 патници успеале да се спасат.

Слични содржини