Потоп или земјотрес сеедно – немоќ!

од Vladimir Zorba

Или јас сум бегал од часови, или не паметам ама обука за како да се заштитиш од земјотреси и непогоди, имаше само во рамките на тоа СВОЗ или како се викаше, и у школо нешто по тоа Домаќинство ли..? во комуњарско време како би рекле новите демократи, и толку.

Сега децава го немаат ниту тоа.

dragan-antonovskiНашето образование се бави со тоа само колку универзитети ке отворат, за да секој може да биде ректор, професор или магистер, или кој од која партија ќе биде директор, кој ќе ги печати или пишува книгите, а она што е елементарно образование е елементарна непогода.

И сега паника, е паника ама не од земјотресот,  туку од недокваканоста и некомпетентонста на институциите, од недовербата и неписменоста на тие кои ги соопштуваат, од дебилноста на медиумите кои се си сешто пренесуваат, паника од онаа што значи неодговорност.

Тоа е всушност нашиот земјотрес , кој не истресе сите од гаќи за да ни покаже колку сме немоќни, и дека овде всушност нема кому да веруваш и нема кој да ти помогне.

Потоп или земјотрес сеедно – немоќ!

Фејсбук статус на Драган Антоновски  (Dragan Antonio)

Слични содржини