Потоп во Москва, автомобили пливаат (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Москва беше погодена од силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а на сила е портокалов метеоролошки аларм.

Жителите на Москва објавија на социјалните мрежи снимки и фотографии на кои се гледаат автомобили кои пливаат по улиците како чамци.

Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави на Твитер дека се поплавени неколку автомобили на една од улиците на главниот град, како и дека сообраќајот на улицата е целосно оневозможен.

Некои подземни премини се целосно потопени, пренесува Спутник. Жителите на Москва пишуваат на социјалните мрежи дека дождот паѓа толку силно што скоро ништо не може да се види.

Еден од корисниците на социјалните мрежи посочува дека во нејзиниот дел од градот во исто време паѓаат дожд и снег и град.

Слични содржини