Потпишан Меморандум за техничка соработка меѓу МВР и МО на Р.С Македонија и МО на Чешката Република

од Берта Китинска

Денеска беше потпишан Меморандум за техничка соработка меѓу МВР и МО на Република Северна Македонија и МО на Чешката Република.

-Денеска, како дополнителен аргумент во јакнењето на билатералната соработка, заедно со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за одбрана на Чешката Република Лубомир Метнар, потпишавме Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу трите министерства, којшто отвора можност за усогласување и потпишување на договор помеѓу двете Влади за ремонт на транспортни хеликоптери на МО и на МВР, што ќе ја засили нашата билатерална соработка, а во исто време ќе ги зголеми и армиските и полициските капацитети за справување со кризни ситуации, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Слични содржини