Потпишано: Нетанјаху заминува

од Nikola Popovski

Осум израелски партии денеска потпишаа договор за коалиција, со што се отвора патот за формирање нова влада во која по 12 години нема да биде Бенјамин Нетанјаху. Владата треба да даде заклетва во недела во Кнесет, каде ќе биде поддржана од 61 пратеник.

Новата владејачка коалиција, која има мало мнозинство во парламентот, се состои од осум партии од сите страни на политичкиот спектар, вклучувајќи дури и една арапска партија, за првпат во историјата на Израел.

Единственото нешто за што се согласија е дека Нетанјаху, кому му се суди за корупција, мора да си замине и дека земјата не може да издржи да излезе повторно на избори.

Според договорот, Нафтали Бенет ќе биде премиер првите две години, а по него, Џаир Лапид ќе ја предводи владата, јави Танјуг.

Слични содржини