Потпретседателката на Европскиот парламент разрешена од должноста

од Stefanija Kuzmanovska

Пратениците на Европскиот парламент денеска ја разрешија од должноста потпретседателката на парламентот,  грчката пратеничка Ева Каили, која беше обвинета за корупција од белгиските власти, а само хрватскиот пратеник во Европскиот парламент, Мислав Колакушиќ, беше против ваквата одлука.

За разрешување на потпретседателката гласаа 625 од 628 пратеници. Хрватскиот независен пратеник Колакушиќ гласаше против разрешувањето на Каили, а двајца парламентарци беа воздржани, пишува „Јутарњи лист“.

Претходно во вторникот претседателката на парламентот Роберта Мецола објави дека Конференцијата на претседатели, парламентарно тело составено од претседатели на пратеничката група и претставник на независни пратеници, едногласно одлучи да му предложи на Европскиот парламент да го прекине потпретседателскиот мандат на грлката пратеничка.

За одлуката за разрешување беше потребно двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.

Каили, еден од 14-те потпретседатели на парламентот, беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија овој викенд поради наводите дека Катар ги поткупил за да влијае на парламентарните одлуки.

Слични содржини