Потрес во четири града за 24 часа: Објавена снимка од силните земјотреси во Кина (видео)

од Nikola Popovski

Најмалку четири поголеми градови во Кина се потресени од земјотреси во последните 24 часа.

Земјотресите се регистрирани во северозападната провинција Чингхај, југозападните провинции Сечуан и Јунан и на северот на Кина, во провинцијата Шанкси, пренесува кинескиот „Глобал тајмс“.

Најмалку три лица загинале, додека 27 се повредени во земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Јунан, додека во останатите нема извештаи за жртви.

Земјотресот во провинцијата Чингхај беше уште посилен, со јачина од 7,4 степени, што според кинеските државни медиуми е втор најсилен земјотрес во Кина.

Поради земјотресот биле прекинати неколку железнички линии, а во провинцијата Чингхај, каде биле забележани уште 40 земјотреси посилни од 3 степени, уништени се некои мостови и патишта.

Во градот Дали во провинцијата Јунан започна операција за спасување и воведена е вонредна ситуација по земјотресот.

Слични содржини