Потресен статус на таткото на девојчето кое беше ладнокрвно убиено од Рамос додека викала Брза помош

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството преку социјалните мрежи се збогува од Амери Гарза, четвртоодделенка во основното училиште Роб во Увалде, Тексас, која херојски се обиде да повика брза помош пред ладнокрвно да биде убиена од 18-годишниот Салвадор Рамос.

Таа е едно од 19-те деца жртви.

– О, мило мое, те сакам многу. Никогаш повеќе нема да бидам среќен или комплетен – напиша Анхел Гарза, таткото на починатото девојче на својот Фејсбук статус.

Според очевидци, Рамос влегол во училиштето носејќи пиштол, пушка и панцир пред да отвори оган врз училниците полни со деца во нападот во кој беа убиени и двајца наставници. Кога влегол во одделението, извикал „Ќе умреш!“, на што Амери го зела телефонот и повикала брза помош.

„Наместо да го грабне и да го скрши или да ѝ го одземе, тој ја застрелал“, рекла бабата на Амери.

Таткото на убиеното девојче во текот на ноќта на Фејсбук напиша дека се уште нема информации за неговата ќерка, па ги молел луѓето да му помогнат. Тогаш му стигнала најлошата вест.

– Таа беше пронајдена. Мојата мала љубов сега лета со ангелите. Ве молиме, не го земајте животот здраво за готово, ниту една секунда. Прегрнете ги вашите најблиски. Кажете им дека ги сакате. Те сакам Амери, чувај го својот брат – напиша нејзиниот татко во трогателниот статус.

Слични содржини