Потресни сцени од болница во Шпанија: Пациенти лежат и добиваат третман на подовите во ходниците (видео)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се прикажани ужасни сцени од шпанските болници на кои се гледаат пациенти со коронавирус кои лежат на подот.

Преполните болници, кашлање и дишење треба да бидат отрезнувачки за многумина кои не ја сфатиле сериозно оваа пандемија, особено за оние кои не ги почитуваат мерките за изолација и прекинувањето на контактот со други.

Видеото, исто така, јасно ги покажува сите маки на медицинскиот персонал што се обидуваат да му помогнат на секој од заразените без оглед на условите. Повеќето пациенти имаат шишиња со кислород, а многумина се приклучени на инфузија. За жал, епидемијата е толку голема што пациентите примаат третман на подот на болницата „Инфанта Леонор“ во шпанската престолнина Мадрид.

Бројот на починати во шпанската престолнина се искачи на 1.263, а бројот на заразени потврдени случаи на 10.575.

Во Шпанија, бројот на заразени лица денес се искачи на 33.089,што ја прави најранливата европска земја по Италија.

Слични содржини