Потврден крајот на серијата „Ла Каса де Папел“

од Stefanija Kuzmanovska

Неодамна беше објавено дека по кратката пауза поради пандемијата на коронавирус, започна снимањето на петтата сезона на популарната серија на Нетфликс „Ла Каса де Папел“, а за странските медиуми е потврдено дека петтата сезона ќе биде и последна.

Имено, новите авантури во голема мера се во подготовка, а Данска беше избрана за официјалниот почеток на снимањето. Тимот автори и актери потоа ќе отпатува за Шпанија и Португалија, за да ја заокружат приказната. Овие детали ги објави „Entertainment Weekly“, но тоа не е крајот на изненадувањата. На поставата ќе им се придружат и дуото Мигел Анхел Силвестир и Патрик Криадо, кои ќе донесат свежина во успешниот тим.

Сезоната ќе има 10 епизоди, а датумот на прикажување сè уште не е утврден.

Слични содржини