Потврден новиот капитен на Манчестер Јунајтед

од Nikola Popovski

Хари Мегваер е официјално новиот капитен на Манчестер Јунајтед.

Централниот бек, кој е само половина година во составот, ја наследува лентата од Ешли Јанг, кој ќе ја продолжи кариерата во Интер.

Веста за Мегваер ја потврди менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

– Хари е капитен. Сè за него кажува дека тој е лидер. Хари ќе продолжи да ја носи лентата, рече Солскјер.

Досега во сезоната капитени биле Маркус Рашфорд, Давид Де Хеа и Џеси Лингард.

До летото, носител на лентат беше Антонио Валенсија.

Слични содржини