Потврден уште еден случај на мајмунски сипаници во Словенија

од Nikola Popovski

Во Словенија е потврден уште еден случај на инфекција со мајмунски сипаници. И овој пат се работи за лице кое пристигнало од Шпанија, соопшти Националниот институт за јавно здравје (NIJZ) на својата веб-страница. Како што објаснуваат, во тек е епидемиолошка обработка.

Првиот случај е потврден кај маж кој пристигнал од Канарските острови во вторникот. Симптомите ги добил откако се вратил дома и е во добра здравствена состојба, изјави во вторник директорот на Центарот за заразни болести при „NIJZ“, Марио Фафангел.

Ризикот од инфекција кај општата популација е низок, јавуваат словенечките медиуми.

Луѓето кои биле во ризичен контакт со заразено лице треба да внимаваат на нивната здравствена состојба во рок од 21 ден од контактот.

На заразените им се советува да останат дома три недели или додека не го снема осипот.

Слични содржини