Потврдени 80 случаи на мајмунска сипаница во 12 земји

од Vladimir Zorba

Досега се потврдени околу 80 случаи на мајмунска сипаница во најмалку 12 земји, соопшти Светската здравствена организација, додавајќи дека се истражуваат уште 50 сомнителни случаи.

Случаи на таа инфекција се потврдени во девет европски земји, како и во САД, Канада и Австралија, пренесe Танјуг.

Сипаницата е најчеста во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, а според Британската национална здравствена служба, тоа е ретка вирусна инфекција која обично е блага и од која повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели.

Вирусот не се шири лесно меѓу луѓето.

Слични содржини