Потврдени уште два случаи на заболени од коронавирус во Грција

од Aleksandar Petrovski
Потврдени се уште два случаја на заболени од новиот коронавирус во Грција, еден кај детето на 38-годишната жена од Солун, другиот кај лице во Атина, со што бројката на случаи во Грција се искачи на три, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, со одлука на министерот за здравство, се откажува традиционалниот карневал во грчкиот град Патра што требаше да се одржи викендов.

Слични содржини