Потврдено: Четврт случај на коронавирус во Италија

од Nikola Popovski

Италијански државјанин е позитивен на новиот вирус корона, откако се сретнал со еден пријател, кој неодамна се врати од Кина, соопшти во петокот владата на северниот регион, Ломбардија.

Ова е прв случај на локално ширење на смртоносното заболување во Италија, објави АП.

Новинската агенција АНСА објави дека уште двајца, вклучително и сопругата на првобитниот пациент, биле позитивни за „Ковид-19“. Локалните власти не ги потврдија овие информации веднаш.

Џулио Галера, член на регионалната влада на Ломбардија, рече дека заразениот Италијанец вечерал на почетокот на февруари со еден пријател кој штотуку се вратил од Кина.

Околу 100 луѓе биле тестирани за вирусот во северниот град Кодоно, од каде потекнува пациентот. Италијанските медиуми објавија дека 60 лица биле ставени во карантин. Еден 38-годишен маж е примен во болница во градот, а во тек се дополнителни лекарски тестови, се вели во соопштението на администрацијата на регионот.

Слични содржини