Повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени за прво, второ, четврто и петто одделение, вели Шаќири

од Radmila Tasevska

Министерот за образование и науки, Јетон Шаќири, вчера соопшти дека повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени за прво, второ, четврто и петто одделение.

-За другата учебна година за трето одделение, заради временскиот рок се ќе биде навремено на 1 септември, како што беше за другите предмети кои веќе имаат одобрени одделенија. Со завршување на трето и шесто по новата Концепција, мислам дека ќе ги имаме сите учебници во септември зашто немаме оправдување за временските рокови кои се законски, додаде Шаќири на вчерашната прес-конференција.

Тој потенцираше дека децата учат според нови наставни програми согласно со Концепцијата за основно образование од 2020 година.

Слични содржини