Поведена е истрага против 28-годишен жител на Велешта поради детска порнографија

од Milan1
15 прегледи

Поведена е истрага против 28-годишен жител на струшкото село Велешта, кој според Обвинителството, од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.

– Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица. Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен, информираат од Јавно обвинителство.

Слични содржини