Повеќе од 10,000 луѓе починаа во Велика Британија, загрижува малиот број на излечени

од Vladimir Zorba

Велика Британија е петта земја во светот каде што повеќе од 10.000 луѓе починале од коронавирус, а по бројот на заболени, денеска ја надмина Кина.

Во изминатите 24 часа, во Велика Британија починаа 737 луѓе, 180 помалку од претходниот ден, а 10.612 луѓе починаа од почетокот на епидемијата.

Повеќе смртни случаи има само во САД, Италија, Шпанија и Франција, при што стапката на смртност во Велика Британија е меѓу највисоките во светот – 12,6 проценти.

Од вчера, регистрирани се 5.228 нови случаи, што е само пет повеќе од претходниот ден, а вкупно се заболеле 84.227 лица.

Во случајот со Велика Британија, екстремно малиот број на луѓе кои се излечиле буди голема загриженост, откако ниту еден не е пријавен денес, а вкупно се 344 од избувнувањето на епидемијата.

Од активните 73.323 случаи, 1.559 пациенти се во сериозна или критична состојба.

Слични содржини